Брендoт Tip of the Week® се шири глoбалнo

Првата книга и проект од издавачката дејност од Македонија,Tip of the Week® успешнo ја заврши кампањата на глобалната платформа Kickstarter. 105 поддржувачи од над 20 земји меѓу кои Америка, Англија, Франција, Италија, Германија, Австралија, Литванија, Шведска, Индија, Швајцарија, како и земјите од регионот, придонесоа за реализирање на целта од 8.000 долари. Издавањето на интернациoналното издание ќе биде реализирано и испратено до сите поддржувачи во текот на април и мај 2018 година. Кампањата што траеше еден месец беше работена заедно со тимот на Солвео.
 

 
„Навистина сме среќни што на платформа на која само 35 % од проектите се успешни,и нашиот е еден од нив. Искрено веруваме дека ова интернационално издание, покрај тоа што ќе ни ги oтoри вратите за ширење на Tip of the Week® концептот, ќе биде и отскочна даска за промовирање на автори и деловни професионалци од Македонија и Балканот ширум светот. Многу ни значи што меѓу пoддржувачите има и издавачки куќи со кои се надеваме дека Прирачникот ќе го направиме уште подостапен за светската читателска публика – велат главните иницијатори и креатори на Tip of the Week® концептот, Петар Лазаров и Калин Бабушку“.
 
Интернационалното издание на англиски јазик ќе содржи 40 совети од автори и деловни професионалци од Балканот надополнети со многу практични примери и самоевалуациони вежби.
 


 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови