Глобална недела на претприемништво 2017

Глобалната недела на претприемништво е најголемата прослава на светот на иноваторите и креаторите на работни места кои отвораат стартапи кои го поттикнуваат економскиот раст и придонесуваат за поголема благосостојба. Секоја година, една недела во месец ноември GEW ги инспирира луѓето преку локални, национални и глобални активности дизајнирани да им помогнат да го направат следниот чекор во нивното претприемачко патување. Овие активности, од големи натпревари и настани до интимни мрежни собири, ги поврзуваат учесниците со потенцијалните соработници, ментори, па дури и инвеститори и со тоа им отвараат нови и возбудливи можности за развој.
 
Глобалната недела на претприемништво не е еден единствен настан - тоа се десетици илјади настани, активности и натпревари што се случуваат во повеќе од 160 земји и во нив може да се вклучат во секое време сите лица и организации кои пројавуваат интерес за партиципирање.

Во продолжение ги навестуваме следните датуми за прославување на Глобалната недела на претприемништвото за наредните години:
2017 13 - 19 ноември
2018 12 - 18 ноември
2019 18 - 24 ноември





 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови