4 грешки кои што ги прават претприемачите на социјалните медиуми

„Скокање но без опстанок. Доколку се вклучите во социјалните медиуми и добиете одредена популарност и репутација, вие треба да се грижите истата да опстане. Треба континуирано  да се занимавате со вашите следачи, постојано да воспоставувате дијалог со нив и да објавувате работи што нив ќе ги натера да останат во заедницата. Социјалните медиуми не се еднаш направено, а потоа оставено возило ... тоа е животно дишење на кое што треба да се посветите и да го одржувате“.

Brian Honigman, Brianhonigman.com

„Неповрзано (спротивно) брендирање на различни медиуми. Многу голем број претприемачи имаат еден изглед, чувства и пораки на нивните веб страници, но сосема различни на нивните Facebook, Twitter и Linkedln профили. Наместо да користите различни слики на сите профили, користете само од 1 до 2 слики на сите профили. Прилагодете го вашиот Фејсбук и Твитер профил користејќи елементи од вашиот вебсајт (се мисли на исти бои, позадина, лого и сл.). Користете ги истите клучни зборови и опис за тоа кој сте вие и што правите, релативно исти низ сите профили. И секогаш апдејтирајте ги вашите податоци“.

Eric Siu, EricOSiu.com

„Скокање без размислување. Сметам дека најголема социјал-медиумска грешка е тоа што сите мислат дека мора да се рекламираат на социјалните медиуми и почнуваат да нуркаат внатре без стратегија и без знаење на која платформа вашиот бизнис треба да се фокусира“.

Jim Joseph, Cohn & Wolfe

„Зборувајќи премногу за себе. Социјалните медиуми се најголемо средство за комуникација. Комуникацијата секогаш треба да биде двонасочна каде што сите се активно вклучени, а не постојано објавување на нови статуси за вашиот најнов производ или промоција. Секогаш трудете се да им бидете корисни на сите. Не споделувајте корисни информации само од вас туку и од други луѓе.  Почнете да го правете ова и ќе забележите поголема активност на вашите профили.

IliseBenun, Marketing-Mentor.com

Сите заинтересирани лица кои сакаат да научат целосно креирање и менаџирање на маркетинг кампањи на социјалните мрежи, кои сакаат да изградат препознатлив бизнис и да ја  зголемат лојалноста кон брендот кај своите клиенти на ефективен начин и со ниски трошоци, нека повелат на обуката „Интерактивен маркетинг за поуспешен бизнис“ предводена од брилијантниот Дамјан Дано ко-основач на IWM-Network, која ќе се одржи на 25 и 26 октомври во просториите на YES бизнис инкубаторот


 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови