ОБУКА ЗА ИНТЕРАКТИВЕН МАРКЕТИНГ: Социјални медиуми за успешна бизнис комуникација

Откријте ги новите правила на маркетингот и односите со јавноста - употреба на интерактивниот маркетинг, блоговите, онлајн-видеата, мобилните апликации и виралниот маркетинг!
Практиката на интерактивен маркетинг  е практика на  маркетинг преку отворен дијалог со потрошувачите и овозможува полесно од кога и да е отворање  линија на комуникација помеѓу вашиот бизнис и вашиот потрошувач.
Употребете ги мрежите на социјални медиуми за развој на вашата компанија бидејќи современите потрошувачи го сменија начинот на кој истражуваат и купуваат стоки и услуги.
Успехот во бизнисот не е случајност. Практикувајте интерактивен маркетинг, зголемете ја продажбата и остварете сигурен раст на компанијата!
 
ИНФО ЗА ОБУКА

Датум: 25 и 26 октомври 2017 
Времетраење: 16:30-20:30ч.
ЛокацијаПретприемачки сервис за млади

Цена на обуката: 3400 МКД  

- 10% попуст за студенти и невработени = 3060 МКД (со приложување на индекс или потврда)
- 10% попуст за пријавување на двајца учесници
- 10% попуст за рана уплата до 20-ти октомври, петок​
* Попустите не се комбинираат​


Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, гратис бизнис книга, материјали за обуката и кафе.

Пријавување на следниот линк!
Информации на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891 и 02 3103 660.
 
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА
Оваа обука има за цел да го запознае учесникот со основите и методите на интерактивниот маркетинг, новите правила за комуникација помеѓу брендовите и потрошувачот како и да упати кон користење на алатки и методи за водење поуспешни кампањи и бизниси. Предавањето ќе се базира целосно на локални и интернационални примери и ќе покрие повеќе области за интерактивниот маркетинг, подобрување на онлајн присуството на еден бренд итн.

 
  • Основи на интерактивен маркетинг
  • 10 работи кои вашата компанија МОРА да ги прави онлајн
  • Целосно креирање и менаџирање на маркетинг камапањи на социјалните мрежи
  • Учење преку примери: (не)успешни локални маркетинг кампањи – справување со негативни мислења, менаџирање на бренд репутација, кризен ПР, зголемување на бренд лојалност, комуникација со потенцијални потрошувачи
  •  Техники и алатки за интерактивен маркетинг – веб дизајн трендови и методи, емаил комуникација, пласман и алатки за друштвени мрежи,  SEO и SEM , алатки за анализа и менаџирање на кампањи.
 
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА
  • Сопственици на компании
  • Стартапи
  • Менаџери за продажба
  • Маркетинг менаџери
  • Продажни тимови 
  • Лица одговорни за односи со јавноста
  • За сите оние кои сакаат да ги зајакнат своите маркетинг вештини и да научат нов маркетинг пристап  
 
ЗА ПРЕДАВАЧОТ
Дамјан Дано е консултант во полето на дигитални медиуми, е-бизнис и интерактивен маркетинг. Ко-основач е на компанијата IWM Network, чија главна дејност е бизнис и маркетинг консалтинг.
Тековно најактуелен и успешно реализиран проект на компанијата е изработката на комплетна интерактивна маркетинг кампања за супер-популарниот ТВ-проект На терапија.  

IWM Network во своето портфолио од брендови ги има:
  • IT.mk – најпопуларен македонски сајт за технологија, сајт кој беше прогласен за најдобар веб проект на екс ЈУ просторот од страна на хрватските VIDI награди во 2010 год.,
  • креативната агенција Glitch, која специјализира во веб дизајн и дивелопмент и која стои зад сајтовите на многу македонски и странски компании, меѓу кои и сајтовите на Vip оператор, Винарија Тиквеш, ПроКредит Банка, CyanogenMOD и др.
  • Премиум хостинг компанија xo.cluster – која нуди премиум хостинг услуги со напредни решенија за синхронизација меѓу сервери и безбедност на податоци.
Пред основањето на IWM Network, Дамјан има работено како интернет маркетинг консултант во неколку индустрии ширум светот, вклучувајќи го и повеќегодишниот ангажман како консултант во њујоршката интернет маркетинг агенција Blueliner Marketing, сега дел од глобалната руска групација Global Advertising Strategies. Тој во своето повеќегодишно искуство има директно работено на кампањи за компании како Vip operator, LuftHansa, Avec Eric, CMS Forex, Tikves Winery, Badel 1862, ProCredit Bank, Celebrity Webchefs и други локални и странски брендови.
 
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавување за обука на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891 и 02 3103 660.
За да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 20-ти октомври 2017.
За онлајн уплата кликнете тука!

За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Обука за интерактивен маркетинг
 
ЗОШТО ПСМ БИЗНИС ИНКУБАТОР
ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематски обуки и ИТ обуки. 
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од  100 компании, повеќе од 7000 млади луѓе  учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од  3000 млади луѓе и претставници од компании  посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија. 
Биди и ти дел од оваа успешна приказна! 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови