„SME Vision 2020“ – 9/10 ноември 2017, Скопје

Планирате да аплицирате со предлог проект на европските програми Хоризонт 2020 и СМЕ Инструмент?
Потребни ви се партнери за вашиот проект?
Имате идеја за иновативно решение за Европски проект?

 

Учествувајте во истражувачки проекти, забрзајте ја вашата иновација и запознајте потенцијални партнери преку билатерални средби!


Enterprise Europe Network Македонија на 9ти и 10ти ноември Ве поканува на „SME Vision 2020“, дводневна конференција која таргетира широк спектар на компании, универзитети и истражувачи од Европа со цел да се олесни формирањето на партнерски конзорциум за претстојните повици на Хоризонт 2020 и СМЕ Инструмент. Конференцијата ќе ви овозможи подобро да ги разберете програмите Хоризонт 2020 и СМЕ Инструмент, услугите кои Enterprise Europe Network ги нуди на компаниите како и насоки како да подготвите успешен проект.

SME Vision2020 е настан за вмрежување каде компании, универзитети и истражувачи ќе ги претстават своите проектни идеи и ќе се обидат да формираат партнерство за европските програми за финансирање. Учесниците ќе имаат можност да закажат состаноци во времетраење од 20 минути по состанок со претходна регистрација на http://smevision.talkb2b.net/.

Цели

  • Подобрете ги вашите шанси за успех и продлабочете го вашето знаење за европските програми Хоризонт 2020 и СМЕ Инструмент
  • Запознајте потенцијални идни партнери од бизнис и академскиот сектор преку билатерални средби
  • Добијте насоки за подготвување успешен предлог проект

Зошто да учествувате?

  • Формирајте партнерства за Хоризонт 2020 и СМЕ Инструмент
  • Развијте проектни идеи на интернационално ниво
  • Добијте совети од искусни консултанти за подговка на успешни предлог проекти

Целни групи 

Компании, универзитети, истражувачки организации, патент центри, стопански комори, кластери.

Регистрација на http://smevision.talkb2b.net/ најдоцна до 28 октомври.

Контакт: Александар Филипоски - aleksandar.filiposki@yes.org.mk

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови