Детски уметнички работилници

Ослободи ја својата фантазија!

Детската фантазија е бесценета уметничка ризница. Вруток на инспирација и магична креација.
Овозможете му на вашето дете среќно, едукативно и незаборавно лето. Лето полно со смеа, дружба и едукација за активација и развој на неговата фантазија и имагинација.
Детските уметнички работилници го ослободуваат детскиот потенцијал, ја шират фантазијата кај детето, а преку креативните активности му помагаат да развие концентрација и когнитивно учење.
Преку креативни авантури во кои детото се чувствува слободно да замислува, креира и да размислува надвор од „кутијата“, се поттикнува неговата оригиналност како и неговиот емотивен, физички и социјален развој.
 
ИНФО ЗА РАБОТИЛНИЦИТЕ
Почеток: 8-ми август
Времетраење: 1 месец (8 часа), секој вторник и четврток, од 18.00ч
Локација: Претприемачки сервис за млади, во Автокоманда, Скопје
Цена: 2500 МКД
Во цената се вклучени сертификат за учество, материјали за работилниците и  освежување за децата за време на работилниците.

Пријавување на следниот линк!
Информации на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891.
 
ПРОГРАМА И ТЕХНИКИ ЗА РАБОТА
Материјалите и техниките кои се опфатени во оваа програма се работа со јаглен, сенчање молив, совладување на сувиот пастел, откривање на дрвените акварелни бои и нивната бескрајна игра, акварелна (водена) техника и дополнително комбинирање на сите опфатени техники низ креативна игра.
 
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПРОГРАМАТА
Овие работилници ќе се одржуваат во две групи кои се наменети за деца од 4 до 7 години и деца од 8 до 11год. Мали креативци кои се заинтересирани за ликовното изразување, уметноста, имаат желба за откривање на креативната магија преку различни материјали, техники и забавни тематики.
 
ЗА ПРЕДАВАЧИТЕ
Маја Танева има завршено магистратура при Ликовната академија во Софија отсек скулптура. Таа има и дополнителна квалификација за предавач по ликовно овразование. Маја е член е на ДЛУМ, а инаку твори во правецот на линеарната скулптура. Маја има 8 годишно богато искуство во неформалното и формалното образование со деца и возрасни.
Наташа Антонијевиќ има завршено на отсекот графика при Ликовната академија во Софија. Таа се занимава со детска илустрација и е предавач во неформалното образование со 3 годишно искуство.
Маја и Наташа се дел од "Ателје49", во состав на "Отворен Граѓански Универзитет" за неформално учење.
 
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се врши на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на trainings@yes.org.mk или на телефонските броеви 02 3108 891 и 02 3103 660.
За да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 03 август.
За онлајн уплата кликнете тука!
За упата во банка:
Примач – ПСМ Фондација
Банка на примач – Халкбанк
Сметка – 270000001048942
Цел на дознака – Детски работилници

ЗОШТО ПРЕТПРИЕМАЧКИ СЕРВИС ЗА МЛАДИ?
ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки. 
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од  100 компании , повеќе од 7000 млади луѓе  учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од  3000 млади луѓе и претставници од компании  посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија. 
Биди и ти дел од оваа успешна приказна! 


 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови