Повик за слушатели на бесплатна обука за почнување на сопствен бизнис

Како дел од активностите на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската унија, ПСМ Фондација отвора повик за слушатели на бесплатна онлајн обука за почнување на сопствен бизнис. Обуката ќе ја предводи д-р Лазар Ѓуров, еден од најистакнатите и реномирани обучувачи и консултанти во земјата.
Стаува збор за високо мотивирачка обука која ќе ве насочи кон вистинскиот пат на сопствениот успех.
Обука која ќе ви овозможи информирано да донесувате одлуки врзани за вашиот нов бизнис.

ИНФО ЗА ОБУКАТА
Место на одржување: YES бизнис инкубаторот во Автокоманда 
Сертификат: Кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат и сертификат за учество.

Пријавување на следниот линк: 
https://goo.gl/r6fqWd  
Информации на trainings@yes.org.mk или на 02 3 103 660 

ПРОГРАМА НА ОБУКАТА:
  • Претприемништво
  • Бизнис идеја
  • Визија
  • Лидерство и менаџмент
  • Бизнис план
  • Брендирање
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Процес на работа
 
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПРОГРАМАТА
Повикот е отворен за сите заинтересирани млади лица на возраст од 18 - 35 г. Потребно е основно познавање во работа со компјутери. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани преку е-mail.
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови