Градење самодоверба

Ниската самодоверба може да е длабоко вкоренета. 

Луѓето со ниска самодоверба имаат тенденција да гледаат на светот како непријателско место, а себе си како негова жртва. Како резултат на тоа, тие не се подготвени за личен напредок, пропуштаат искуства и можности, и се чувствуваат немоќни да променат одредени работити кои не им се допаѓаат. Сето ова предизвикува нивно уназадување во секоја улога од животот.

Ако се чувствувате дека страдате од ниска самодоверба, постојат голем број на едноставни работи кои можете да ги направите за нејзино зајакнување:
  1. Направете две листи: една со вашите предности и една со вашите достигнувања. Обидете се да добиете поддршка од пријател, роднина или блиска личност која би ви помогнала со овие списоци, затоа што луѓето во депресија обично не се во најобјективната рамка на умот. Чувајте ги листите на безбедно место и читајте ги секое утро.
  2. Мислете позитивно за себе. Потсетете се дека и покрај вашите проблеми, вие сте единствена, посебна и важна личност и дека заслужувате да се чувствувате добро. Идентификувајте и отстранете ги сите негативни мисли за себе, како што се: "Јас сум губитник"  или "Никој не ме сака".
  3. Посветете посебно внимание на вашата лична хигиена: средување на коса, уредни нокти итн.
  4. Хранете се здрава и балансирана храна. Посветете повеќе време на подготовка на оброци, дури и ако јадете сами. Исклучете го телевизорот, наместете ја масата, запалете свеќа и направете си момент кој ќе ви овозможи чувство на благодарност.
  5. Вежбајте редовно. Одете брзо секој ден или пак започнете интензивно вежбање неколку пати неделно.
  6. Направете го вашиот дом чисто, удобно и привлечно место за живот и изложете ги предметите што ве потсетуваат на вашите достигнувања и специјални моменти со посебни луѓе во вашиот живот.
  7. Правете повеќе од работите кои ве усреќуваат. Не размислувајте многу и опуштете се. Правете барем по една работа која ќе направи да уживате секој ден.
  8. Изведете некоја уметност. Активности како сликарство, музика, поезија и танц ви овозможуваат да се изразите себе си, да разговарате позитивно со другите, и да го намалите вашиот стрес. Обидете се, може дури и да се импресионирате самите!
  9. Поставете си предизвик кој реално може да го направите. На пример, вежбајте јога, земете часови за пеење или припремете мала вечера за некои пријатели.
  10. Однесувајте се добро со луѓето и направете убави работи за нив. На пример, започнете разговор со поштарот или продавачот, поканете сосед/соседка на чај, посетете пријател кој е болен, или започнете со волонтирање во некој локален добротворен центар. Ставањето насмевка на нечие лице е задолжително за да се стави насмевка на своето.
  11. Вклучете ги и другите блиски. Кажете на вашите пријатели и роднини што ви се случува и побарајте ги нивните совети и поддршка. Немојте да сте премногу срамежливи или ограничени. Повеќето луѓе сакаат да помогнат!
  12. Поминувајте  повеќе време со оние кои ги сметате за блиски и драги. Во исто време обидете се да го зголемите вашиот социјален круг, преку запознавање и спријателување со нови луѓе.
 
 
          Извор:  www.psychologytoday.com
 
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови