Фондација за менаџмент и индустриско истражување објавува ОГЛАС за вработување на определено време

Фондација за менаџмент и индустриско истражување распишува конкурс за вработување на проектен советник на определено време (мај 2017 - април 2019)
 
Потребни квалификации
Високо образование
Работно искуство во сферата на невладиниот сектор
Искуство во поддршка на мали и средни претпријатија (МСП)
Искуство во изведување на истражувачки студии
Искуство во планирање и реализација на настани и конференции, вклучувајќи обуки
Познавање на одржување на веб страни и социјални медиуми
Одлично познавање на англиски јазик
Познавање на MS Office програмите и Интернет
 
Главни задачи и одговорности
Одговорен за истражување на потребите на целните групи на фондацијата
Одржување контакти и пружање поддршка на МСП и граѓански организации од областа на социо-економскиот развој
Помош при подготовка на проектни апликации
Организација на обуки и настани за потребите на организацијата
Одржување на веб страните и социјалните медиуми на фондацијата
Подготовка на програми за настани
 
Профил на личноста
Самоиницијативност
Одлични способности за планирање и организирање
Комуникациски способности
Тимски работник
Способност за работа под притисок и кратки рокови
 
Вашата професионална биографија на англиски јазик испратете ја на mir@mir.org.mk со назнака „За оглас проектен советник“ најдоцна до 21.04.2017.
 
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови