Успешни и инспиративни Wordpress приказни

Wordpress ви овозможува најдобра презентација и конекција со светот, преку користење на напредна технологија и алтернативни креативни веб решенија. Веб платформа која на едноставен и брз начин ви овозможува да ги остварите своите очекувања и да креирате целосно функционален вебсајт.
Во временска рамка на месеците февруари и март во просториите на ПСМ Фондација беше реализирана обука на тема „Како да изработиш вебсајт со Wordpress“ склопена во вкупно 36 ефективни часа.
Со постапно изучување на сите теми и содржини кои ја сочинуваа програмата, изработката на сајтот за сите учесници беше гарантирана. Освен техничките знаења за развојот на веб сајтот, воедно беа опфатени и концептуалните и креативните аспекти кои треба да ги содржи еден сеопфатен веб сајт.

„Wordpress има доста едноставен и интересен интерфејс за работа и моментално е најпопуларната платформа за изработка на веб-страни, од каде  дојде и интересот за посета на обуката.
На курсот научив доста полезни работи како што се поставување на веб-страната, нејзиното подесување за да биде функционална и кои се најкористените алатки (плагини и виџети) за да го добијам саканиот изглед на мојата веб-страна.
Особено сум задоволен од флексибилноста и интерактивноста на обуката, а пред се од предавачот Ратко Мирчески кој беше подеднакво коректен и стрплив кон сите и ја имаше точната формула за тоа како сите ние учесници со различни профили да дојдемем до еден ист резултат, нашата прва веб-страна во WordPress.„ 

Горан Илиоски - учесник на обуката„Како да изработиш вебсајт со Wordpress“
Вебсајтот на Горан можете да го погледнете овде.
 
„Програмата беше конципирана на начин на кој што многу внимателно беа одбрани сите теми и содржини, со чие постапно изучување, изработката на сајтот беше загарантирана. Освен техничките вештини кои се секако неопходни, клучно беше да се дефинира намената на веб сајтот, концептот, целната група, доменот, мени структурата, брендирање на истиот, вклучувајќи и избор на соодветна тема за типот на бизнис за кој е наменет веб сајтот.
Воедно, курсот беше многу добро осмислен, имајќи го предвид фактот дека се однесуваше за почетници, па кога сте почетник многу полесно се обесхрабрувате. Овде тоа не беше случај, затоа што сите учесници стекнаа знаења со кои што можат самостојно да изработат еден функционален веб сајт, со што и курсот го прави повеќе од успешен. Темите беа одбирани на тој начин што ни овозможија постепено совладување на сите технички вештини, но и самостојност во истражување и решавање на проблемите на кои наидувавме. Од особено значење за мене беа проектните задачи кои ги добивавме и кои ја завршија својата работа, т.е. не доведоа до крајната цел. Од голема корист беше и работата со мултимедајлни фајлови, нивна обработка и интегрирање во веб сајтот, преку изучување на неколку програми за брзо уредување на слики, аудио и видео фајлови.“

Весна Поп Димитријоска - најуспешниот учесник од обуката „Како да изработиш вебсајт со Wordpress“ 
Вебсајтот на Весна можете да го погледнете овде

„Би сакал најсрдечно да им ја препорачам обуката на сите оние кои што имаат желба да научат како се креира веб сајт или само желба за учење на нови технички вештини и креативно изразување преку истите, уверувајќи ги дека оваа обука е вистинското решение за изработка на целосно функционален сајт во кој совршено добро ќе можат да ги имплементираат сите свои креативни идеи.

Драган Јаневски - учесник на обуката„Како да изработиш вебсајт со Wordpress“
Вебсајтот на Драган можете да го погледнете овде.

  

Галерија

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови