IMPACT акцелераторот започнува со нов меѓународен циклус и ги очекува вашите проекти!

IMPACT акцелераторот започнува со нов меѓународен циклус. 
Вкупно 28 стартапи ќе добијат инвестиција од 100.000 евра. Два од овие стартапи ќе добијат 250.000 евра, а четирите најдобри ќе се натпреваруваат за инвестиција од 1.5 милиони од инвеститорите.
Добра  вест е што и македонски стартапи може да се пријават за учество, а преку ко-основачот на Fueloyal, 
Игор Христов, ќе имаат можост за здобивање сo искуства.

Пријавувањето е веќе отворено и ќе трае до 9 мај. За заинтерисираните апликанти од Македонија на 3 април во 17:00 во CEED Hub Скопје е организирана и инфо-сесија. На овој настан ќе може да присуствуваат сите заинтересирани и да се консултираат со г. Христов. Ко-основачот на Fueloyal е и добитник на инвестиција во првата рундата на IMPACT инвестициите. 

Подеднакво важно како и инвестициите, кога IMPACT е во прашање е и менторството и тренинг програмата. Овој пат практично искуство ќе се добива во неколку центри, помеѓу кои се: Мадрид, Копенхаген и Барселона. Претприемачи ќе имаат пристап до меѓународна мрежа на повеќе од сто признати ментори, основачи на стартапи и инвеститори, сите експерти во различни клучни области за стартапите.

Повеќе детали можете да дознаете овде.


 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови