Време за вас

Живееме во време кога  се случуваат околу нас работи со неверојатна брзина.
Живееме време на работа на организамот со 100 км/ч.
Живееме време на…
Живееме време кога за сè имаме време, само не за нас.

А баш во овој период, времето за нас е повеќе од потребно. Не смееме да се изгубиме во сето ова време на брзање. Потребно е, од време на време, да размислиме за тоа каде сме, што правиме, до кај сме… да си бидеме сами. Сепак, само ако сте вие задоволни и среќни со она што го правите, ќе бидете позитивни и успешни на сите места, без оглед дали е тоа дома, на работа, со пријатели…
Да, потребно е време за себеси, но како до него:
  • Листа на приоритети – и тоа како е потребна, ако сакате да го имате тоа време за себеси. Сме пишувале безброј пати за оваа листа, но сега во неа вметнете го и времето за вас.
  • Трошачи на времето – направете листа на работа каде што трошите најмногу време. Почнете од станувањето наутро, па сè до легнувањето навечер. Видете од таа листа, каде може да влијаете и каде може да скратите, за да остане повеќе време за вас.
  • Рутини – направете анализа на рутините. Тие се најчесто дел од денот кога сте сами со себе и имате време за вас. Ако има потреба и можност, сменете ги и направете некои од нив да се подолги, автоматски, повеќе време за вас. 
  • Места каде што сте сами – според некои статистики, приближно 1.5 години, од нашиот просечен живот, го поминуваме во тоалет. И, ако знаеме дека е тоа време е за нас, тогаш искористете максимум од него или зголемете го со некои купки и други освежувања на телото.
И да, ќе го имате тоа време за вас, но што со него? Можеби прашањево е без врска, но во живот не сме навикнати да имаме толку време за нас, а и да го имаме, најчесто го користиме за сè друго, само не за себе:
  • Електрични апарати – откажете се во периодот кога сте сами од сите овие апарати. Пробајте да ги оставите на страна и земете книга или изберете некој филм (некој жанр кој ви е омилен, но оддамна не сте имале време да го изгледате). Само да знаете, 70 % од нашиот живот или 11 саати дневно, ние сме пред некои од овие апарати! 
  • Одмор – искористете го тој период да го одморите организмот. Одморот може да го направите со тоа што ќе легнете, затворите очи и ќе пробате или на ништо да не мислите или да заспиете.
  • Прошетка – одамна не сте биле на прошетка. Ова е периодот кога можете да го напраивте тоа. Ем ќе го олабавите телото, ем ќе си имате време за вас да си размилсувате за милион работи за кои не сте имале време.
  • Консумирање храна или пијалаци – пред некој ден имав можност да бидам сам на ручек. Вие не знаете какво уживање беше тоа. Истото е и со консумацијата на пијалаци. Па, можете барем еднаш во месецот да си бидете сами. 
Има безброј интересни работи кои може да ги направите кога сте сами, но најважно е да си направите време за вас. Ако вие самите не си направите време на уживање, никој друг нема да ви го овозможи тоа време! 


Со успех во промените,
Калин Бабушку
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови