4 РАБОТИ КОИ СЕКОЈ ПРЕТПРИЕМАЧ МОРА ДА ГИ НАПРАВИ ВО ПOЧЕТОКОТ НА НОВАТА ГОДИНА

Сега, кога празниците поминаа и Новата Година е во тек, време е да се вратите во канцеларијата за да создадете нови и ефективни идеи за напредокот на вашата организација. Без разлика на големината на вашата фирма, ова се 4 работи кои мора да ги направите доколку сакате да постигнете профит  во наредните месеци.
 
1. 100-дневен план

Уште од 1930 г. откако Франклин Рузвелт го воведува прв, 100-дневниот план станува  традиција за новоизбраните американски претседатели. Планот се состои од краткорочни цели кои што се однесуваат за долгорочната визија на претседателот за државата. Претприемачите треба да ги запишат нивните 100-дневни планови како скици за унапредување на продуктивноста и профитабилноста на организацијата. Таквиот план се состои од 100 задачи, и бара претприемачите да ги разгледаат чекорите и ресурсите кои што се потребни за извршување на целите.

2.Средување на просторот
Доколку сакате да ја уредите вашата канцеларија, или да обезбедите побрз пристап до документите, средувањето на работното место претставува напорна, но неопходна задача. За таа цел, резервирајте ја саботата кога вашиот тим може да дојде, изнајмете контејнер, исфрлете ги непотребните документи, презентации и папки, и фрлете ја старата опрема, брошури, книги, и други непотребни предмети. Кога ќе го исчистите работното место, имплементирајте резервен систем кој ќе ви овозможи брз и прaктичен пристап до вашите електронски документи. Расчистувањето на непотребните декументи не само што ќе овозможи поефикасно работење на вашиот тим, туку ќе направи вашата канцеларија да изгледа попрофесионална.
 
3. Отпуштете го лицето кое мислите дека треба да го отпуштите
Можеби се обидовте да интервенирате за да решите некој проблем или го игнориравте со надеж дека ќе се реши сам по себе. Но, и покрај тоа што се справувате со неефикасни членови во тимот, знаете дека тие и штетат на компанијата. Доколку не успеавте да го сторите тоа за време на празниците, не одложувајте повеќе.
 

4. Покачете ги цените
Почетокот од Новата Година е време кога треба да ги разгледате можностите за покачување на цените на производите или услугите. Повеќето мали бизниси се натпреваруваат со намалување на цените, и тоа е нивната грешка. Наместо тоа, направете план со проучување на вашиот противник, разгледајте ја цената на нивните производи, одлучете кога е најдобро да ги покачите цените и размислете како да ја подобрите вредноста на производите за да го оправдате покачувањето на цените.

 Претприемачите кои што можат да ги постават овие 4 чекори како годишно организациско „рестартирање“ на почетокот на Јануари, ќе успеат да го инспирираат тимот, како и да создадат нови можности за развој и напредок на организацијата. 



Извор: www.entrepreneur.com

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови