​ДУХОТ НА ПРЕТПРИЕМАЧОТ


Пет неопходни карактеристики за водење на успешен бизнис. 

Од познатите претприемачи, постојано слушате дека пред да започнат да раководат со мулти-милијардерските компании, тие ги покажувале нивните претприемачки способности преку продавање лимонада, поправање уреди во нивните гаражи или приредување неделни натпревари во beer - pong. Изгледа дека зад секој успешен човек стои дете кое растело знаејќи дека е родено за бизнис. 

Но, што всушност ги прави претприемачите поразлични од останатите? Што е она што прави луѓето да веруваат во себе,  да ја земат иднината во свои раце и да да бидат решени да се искачат на врвот?
Претприемачкит дух е она што ги инспирираа останатите да бидат најуспешни. Од желба до лидерство и амбиција, тоа е она што најдобро го дефинира претприемачкиот дух.
 

Страст
Никој го нема  отелотворено  зборот „страст“ како Ричард Брендсон, основачот на мегабрендот „Virgin“. Дел од неговата страст се наоѓа во неговиот ненаситен апетит за нови компании. Основана во 1970 г, „Virgin“ се има проширено во повеќе од 200 компании, опфаќајќи музика, рекламирање, мобилни телефони, па дури и патување во вселената. Тој вели дека бизнисот е како автобусите. Секогаш доаѓа друг.
Ричард има не само желба за бизнис, туку и неверојатна страст за живот. Тој е познат по неговите авантури и желба за живот, кои што прават тој да биде еден од највосхитуваните претприемачи во светот.
 

Позитивност
Знаејќи ја моќта на позитивното размислување и живеејќи со мотото дека „секој предизвик е прилика“, Џеф Бесос ја има основано најголемата книжара во светот.
 

Приспособливост
Да бидеш способен да се приспособиш е една од најсилните карактеристики кои претприемачот треба да ги поседува. Секој успешен претприемач треба да има желба да се надоградува, да се приспособува и да ги приближи своите услуги до потрошувачите.
 

Лидерство
Добар лидер е оној кој поседува харизма, чувство за етика и желба за формирање на интегритет во организацијата, некој кој што е насочен кон тимот и е добар учител. Сите овие карактеристики биле интегрирани од страна на Mary Kay Ash, основачот на Mary Kay Cosmetics, компанија која им помогнала на повеќе од половина милион жени да го остварат својот сон за поседуваат бизнис.
 

Амбиција
На 20 годишна возраст, Деби Филдс не поседувала многу. Таа била млада домаќинка без искуство за бизнис, но она што таа го имала бил рецепт за правење на чоколада и желба да го покаже пред целиот свет. Филдс ја отворила својата прва продавница во 1977, и покрај тоа што останатите и велеле дека таа мора да е луда штом верува дека нејзиниот бизнис ќе опстане со продавање на слатки. Нејзината решителност и амбиција и помогнале да ја прошири нејзината мала продавница за слатки во компанија вредна повеќе од 450 милиони долари, распространета на повеќе од 600 локации во Америка и 10 странски држави.


Извор: www.entrepreneur.com

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови