10-дневна Зимска академија по математика во организација на Школото на Иднината

School of The Future -­
Winter  Mathematics Academy

 
Школото на Иднината организира 10 дневна Зимска академија по математика!
 
Зимската академија цели да креира интензивна академска средина преку која учениците ќе се подготват за претстојните натпревари и олимпијади по математика и ќе се дружат со нивни талентирани и амбициозни соученици.
 
Предавањата и вежбите се поделени на 2 нивоа и се прикладни за ученици од 7мо одделение до 4та година средно образование:
- јуниор -­ за ученици од основно образование, на ниво до ЈММО
-­ сениор -­ за ученици од средно образование, на ниво до ММО

 
Теми:
-­геометрија
­‐теорија на броеви
­‐неравенства
­‐комбинаторика.

 
Академијата вклучува:
­‐ 24 часови предавања (50 минутни)
­‐ 21 часови вежби (50 минутни)
­‐ Тест-­олимпијада

 
Временски период: 8 работни дена, од 12ти до 21ви јануари (не вклучувајќи ги деновите 18ти и 20ти јануари).
Термини: Секој ден ќе има по 3 часа предавања, 1 час пауза и 3 часа вежби. (Точните термини ќе бидат дополнително објавени.)
Локација: YES Incubator, Скопје (Локација: http://yes.org.mk/Contact/Map.aspx?r=6&l=63&c=22)
Цена: 4800 денари (линк за плаќање: http://yes.org.mk/ShowProduct.aspx?p=130&ct=1&r=6&l=63&c=22) Апликација: https://goo.gl/forms/iXusBFiM4swieXIg1
 
Ментори
Ментори на Академијата се поранешни натпреварувачи кои имаат долгогодишно искуство со подготвување на ученици за натпреварите по математика.
 

Стефан Лозановски

Стефан е поранешен учесник на натпревари по математика за основно и средно образование. Има освоено први, втори и трети награди на регионални и републички натпревари; бронзен, сребрен и златен медал на Македонската математичка олимпијада и два бронзени медали на Балканската математичка олимпијада (БМО 2008, 2009). Исто така, два пати беше член на македонската репрезентација на Меѓународната математичка олимпијада (IMO 2008, 2009). Како ментор, има помагано во подготовките на натпреварувачите во П.С.У.
„Јахја Кемал“, поспецифично, за програма и часови поврзани со геометрија. Тој е автор на геометриската задача на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) во 2013 година. Беше координатор на ЈБМО во 2014 година, задолжен за прегледување и координирање на геометриската задача. Во 2016 година ја објави неговата прва книга "A Beautiful Journey Through Olympiad Geometry" Која може да се најде на www.olympiadgeometry.com .

 

Димитар Треневски

Димитар е поранешен учесник на натпревари по математика за основно и средно образование. Има освоено први, втори и трети награди на регионални и републички натпревари, бронзен, сребрен и златен медал на Македонската математичка олимпијада и бронзен медал на Балканската математичка олимпијада (БМО 2008). Исто така, има учествувано на Меѓународната математичка олимпијада (IMO 2008) и два пати на Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада (ЈБМО 2005, 2006). Тој е автор на повеќе задачи од областа неравенства, меѓу кои Задача 4 на Европски Математички Куп 2014 , категорија јуниори и Задача 3 на Европски Математички Куп 2013 , категорија сениори. Има објавено негови решенија на задачи во списанијата Mathematical Excalibur Volume 13, Number 5 и Mathematical Reflections 2008.
 

Слаѓан Станковиќ

Слаѓан е дипломиран професор по математика. Тој е магистрант на Образовен менаџмент при Институтот за педагогија на Филозофски факултет, Скопје.
Работи 25 години како професор по математика во ОСТУ Наце Буѓони Куманово. Како ученик е добитник на две први награди, златен медал во СР Македонија, бронзен медал во СФРЈ. Тој е успешен ментор на голем број ученици кои учествувале на математички натпревари во и вон Македонија. Во 2014 година беше обсервер во македонската репрезентација на БМО во Плевен, Бугарија. Беше координатор и прегледувач на задача од комбинаторика на ЈБМО во Охрид 2014 година. Има формулирани и решени преку 1000 олимписки задачи на социјалната мрежа facebook.
 

Мисија  на Академијата:

­‐Да обезбеди интензивна академска средина каде што млади математичари од Македонија ќе се подготват за да достигнат повисоки резултати на претстојните натпревари по математика.
­‐Да ги научи учесниците нови теореми, својства и начини на решавање олимписки проблеми.
­‐Да овозможи платформа каде што талентирани средношколци ќе соработуваат и учат заедно.
­‐Да стимулира инклузивна научна младинска заедница во Македонија.
­‐Да мотивира млади талентирани ученици понатаму да го откриваат светот на математиката и информатиката.

 

Стипендии:

Дополнително, учесниците кои ќе се примени ќе може да аплицираат за стипендија на база на потреба. Стипендиите ќе бидат доделени со намера да се излезе во пресрет на потенцијалните млади математичари кои можеби доаѓаат од економско ранливи групи и не можат да си дозволат да го платат целосниот износ. За ваквата можност, ве молиме исконтактирајте не дополнително.
 

Контакт

Електронска пошта: centerofthefuture@gmail.com Facebook страна: www.facebook.com/schoolfuture Телефон: 070 324 824, Климент Серафимов

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови