Величенствените тајни на герила маркетингот

Ако имате мала фирма и сакате да направите голема, дозволете овие концепти да станат дел од вашата ментална маркетиншка рамка и  ќе имате огромна предност над оние што не го направиле тоа.

Тие тајни може да се соберат во 16 збора - посветеност, инвестиција, доследност, доверба, стрпливост, арсенал, редослед, погодност, одушевување, мера, вклученост, зависност, вооружување, согласност, содржина и зголемување.

1. Морате да и бидете посветени на својата програма за маркетинг.

2. Размислувајте за таа програма како за инвестиција

3. Погрижете се вашата програма да биде доследна

4. Потенцијалните клиенти мора да имаат доверба во вашата фирма.

5. Морате да бидете стрпливи за да останете посветени.

6. Морате да сфатите дека маркетингот е арсенал на оружје.

7. Морате да знаете дека правилниот распоред е - продажба па потоа профит. 

8. Морате да настојувате да ја водите својата фирма така што тоа ќе им биде погодно на клиентите. 

9. Внесете го елементоит одушевување во својот маркетинг.

10. Мерете за да ја процените ефикасноста на своето оружје.

11. Докажете дека сте вклучени, дека им обрнувате внимание, на своите постојни и потенцијални клиенти, така што редовно ќе проверувате телефонски каква е ситуацијата кај нив.

12. Научете да станете зависни од другите фирми, исто како што тие се зависни од вас.

13. Морате да бидете вешти со вооружувањето на герилците, што значи со технологијата.

14. Користете го маркетингот за да добиете согласност од потенцијалните клиенти, а потоа проширете ја таа согласност така што гтаа ќе ја води продажбата.

15. Настојувајте да ја продадете содржината на својата понуда поскоро отколку нејзиниот стил.

16. Откако ќе направите целосна маркетиншка програма, работете на тоа да ја зголемите, а не само  да се одморате на лаврите.

За да бидете уште посреќен герилец, имајте предвид дека со овие шеснаесет збора оди и гаранција. Ако ги запаметите сите шеснаесет и ја водите својата работа според концептите што ги претставува, ќе ги надминете и најоптимистичките очекувања.

Извадоци од делото „Герила маркетинг“ од Џеј Конрад Левинсон  

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови