ОБУКА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Изрази ја својата креативност!

  • Научи ги основите и принципите на графичкиот дизајн
  • Научи да работиш во  Adobe Photoshop и  Adobe Illustrator
  • Поттикни ја твојата креативност и реализирај ги твоите идеи во дигитална форма

Графичкиот дизајн претставува визуелна комуникација, уметност која има конкретна задача и цел. Програмата на оваа обука е конкретна, практична и ориентирана кон уметноста и техниката. 

Инфо за обука

Датум за почеток : 10  април 2017
Времетраење: 40 часа (распоредени во 14 дена)
Термини: два пати неделно од 18.00 – 20.30ч
Максимален број на учесници: 12 
Цена  на обуката: 7.900 МКД
  • 10% попуст за студенти и невработени = 7110  МКД (со приложување на индекс или потврда)
  • 10% попуст за пријавување на двајца учесници
  • 10% попуст за рана уплата до 27-ми март, понеделник
  • Попустите не се комбинираат​
Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, материјали за обуката, кафе и учество со портфолио на онлајн изложба.
Можност за плаќање на 2 рати.

Пријавување на следниот линк!

Информации на  trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891.

Онлајн изложба: По завршувањето на обуката, ќе биде креирана и онлајн изложба на дизајните добиени од конкретната работа на учесниците на обуката со цел промоција на дизајнерите и нивните портфолиа во пошироката јавност.

Погледнете ја онлајн изложбата од учесниците од претходната група!

 

Програма за обука (40 часа)

Целта на оваа програма е поттикнување на креативноста на учесниците и подигнување на нивото на естетика на графичко изразување и изработка на графички решенија. Учесниците на оваа обука ќе се запознаат со темелите на графичкиот дизајн, естетските вештини како типографија, илустрација, фотографија, симболи и боја, како и основните софтверски алатки кои се користат во индустријата. По секој час, планирана е изработка на домашна работа со цел практикување на наученото.

Содржина:

  • Вовед, примена и форми на графички дизајн: Теорија низ примери
  • Современа теорија на боја и типографија: Колорни контрасти, хармонија, RGB, CMYK и PANTONE компјутерски палети, правилно користење на типографија
  • Растерска наспроти векторска графика: Поими и споредба (Photoshop наспроти Illustrator), фотографски техники и алатки, користење на фотографија во графички дизајн
  • Adobe Photoshop: Манипулација со фотографија, изработка на визит карти, изработка на плакат и постер, користење и креирање на готови урнеци (mockups), изработка на корица за книга, подготовка за печат
  • Adobe Illustrator: Манипулација со фонтови, изработка на лого, изработка на илустрација, подготовска за печат

За кого е наменета обуката

Идеален курс за креативци, дизајнери, мали фирми и сите оние кои сакаат да се претстават себе и своите идеи во графичко решение.
Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да ги научат основите и принципите на графичкиот дизазјн, како и оние кои сакаат да ги усовршат постоечките знаења. Вистински предизвик за средношколци, студенти и возрасни.
За обуката не е неопходно претходно искуство од дизајн или програмите кои ќе се изучуваат.
 

За предавачот

Ратко Мирчески е дипломиран информатички инженер по интернет и мобилни технологии, а графичкиот дизајн му е пасија уште од најрана возраст. Со цртање и дизајн се занимава уште од основно и средно училиште, а е еден од организаторите на секцијата за ликовна уметност за време на своите средношколски денови при УСО Раде Јовчевски - Корчагин. Тогаш зема учество и како автор на повеќе текстови во популарното средношколско списание „Визија“. Образованието го продолжува на Природно-математички факултет (Институт за информатика) каде ги проширува своите знаења во областа на графичкиот и веб дизајнот (HTML, CSS, Flash, JavaScript, .NET ...). При крајот на своите студии е главниот веб дизајнер за македонското издание на популарното германско списание Computer Bild, а истовремено го основа и тимот кој започнува да држи компјутерски курсеви во рамки на приватно училиште каде успешно работи како предавач повеќе од 10 години.

Моментално е постојано вработен во македонската компанија Алфа Аудио како ИТ администратор и консултант, каде меѓу другите обврски е одговорен и за содржините на веб сајтот и сите маркетинг активности на компанијата. Истовремено работи како слободен веб и графички дизајнер, соработува со неколку веб портали, а дел од своите креации ги пласира за продажба и преку повеќе веб сајтови за stock фотографии како Fotolia, BigStockPhoto и др.

Пријавување

Пријавување за обука на следниот линк!

Повеќе информации може да добиете на  trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891.

За да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата  најдоцна до 03 април  2017.

За онлајн уплата кликнете тука!

За уплата во банка:

  • Примач: ПСМ Фондација
  • Банка на примачот: Халкбанк
  • Сметка: 270000001048942
  • Цел на дознака: Обука за Графички дизајн

Зошто ПСМ бизнис инкубатор

ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки.
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од  100 компании , повеќе од 7000 млади луѓе  учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од  3000 млади луѓе и претставници од компании  посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија.
Биди и ти дел од оваа успешна приказна!

 

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови