Промотивен настан за проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“

На 17.02.2016 (среда), во 11:00 часот во х. Континентал во Скопје ќе биде означен почетокот на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, кој ќе се имплементира од Фондација за Претприемачки сервис за млади како координатор на проектот, а во соработка со ЗИП Институт, Ромската Организација на жени „Даја“ и Фондација Футуре 21.

На промотивниот настан ќе  биде презентирана планираната проектна програма која ќе опфати:

  • Обуки за вработување и самовработување, обуки за започнување бизнис, ИТ курсеви, курсеви по англиски јазик, работни пракси во повеќе компании, креативни работилници, менторски сесии;
  • Онлајн курсеви за развој на вештини и лансирање на одржлива платформа за е-учење;
  • Јакнење на обучувачите од граѓанските организации за пилотирање на онлајн курсеви и користење на онлајн платформата;
  • Бизнис план натпревар и финансиска помош од 3000 евра за 5 бизнис идеи.

Повеќе информации за активностите на проектот ќе бидат дел од веб страната www.pretpriemac.mk.

Запознајте се со можностите кои ги нуди овој проект и пријавете го вашето присуство со испраќање на е-маил или телефон на: Оливера Аритоноска,  olivera.aritonoska@yes.org.mk, и тел: 03 3103 660. Бројот на учесници е ограничен.

Проектот е финансиран од Европска Унија.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови