Повик за бесплатно кариерно советување за 50 учесници

ПСМ Фондација, во рамките на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ објавува повик за пријавување за бесплатно кариерно советување за 50 учесници.

Што е кариерно советување?           

Професионалното советување за кариера им помага на младите луѓе да се справат со еден од најголемите предизвици – првиот избор на кариерна патека. 

Не само што после кариерното советување ќе ви биде јасно кои се вашите потенцијали и по кој пат е најдобро да тргнете за да ги остварите, туку ќе направите и јасни патокази на тој пат. Притоа, ќе имате можност систематски да им пристапувате на кариерните предизвици:

  • Подобро да се запознаете себеси, своите вистински интереси, способности и длабоко вкоренети вредности;
  • Да правите информирани избори и да донесувате вистински одлуки;
  • Да се слушате себеси. Да ја земете својата иднина во свои раце.

Кариерното советување ќе го реазлизираат професионални советници за кариера со долгогодишно искуство.

Како да се пријавиш?

Пополни ја апликацијата која може да ја најдеш на овој линк. За апликација на албански јазик кликнете на овој линк. Понатаму тимот на Фондација ПСМ, во текот на месец март, ќе ги контактира кандидатите кои се одбрани, со цел да се реализираат овие советувања.

Кој може да се пријави?

Сите млади лица на возраст од 15 до 29 години.

Напомена:

Оние кои ќе бидат дел од кариерното советување ќе имаат предност за учество на бесплатните обуки за вработување и само – вработување кои ќе се реализираат како дел од проектот.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови