Фондација Претприемачки сервис за млади објавува ОГЛАС за вработување на определено време

Проектен асистент

(1 позиција)

Заради потребите на Фондација Претприемачки сервис за млади распишува конкурс за вработување на проектен асистент на определено време (јануари – септември 2015)  - замена за породилно отсуство.

Потребни квалификации

  • Високо образование
  • Минимум 3 години работно искуство во сферата на невладиниот сектор
  • Работно искуство во пишување и имплементација на ЕУ проекти и програми
  • Искуство во планирање и реализација на промотивни настани и конференции
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office програмите и интернет

Главни задачи и одговорности

  • Одговорен за комуникација со целните групи на фондацијата
  • Одржување контакти со медиуми и видливост на активностите на фондацијата
  • Помош при подготовка на проектни апликации
  • Организација на обуки и настани за потребите на организацијата
  • Организација на сите информациони активности поврзани со фондацијата
  • Подготовка на програми за настани

Профил на личноста

  • Самоиницијативност
  • Одлични способности за планирање и организирање
  • Комуникациски способности
  • Тимски работник
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови

Вашата професионална биографија на англиски јазик испратете ја на info@yes.org.mk со назнака „за оглас проектен асистент“ најдоцна до 10ти декември.

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови