ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ВО XSOFT

Следејќи ја својата агенда за активен настап на Македонскиот пазар со нашата нова услуга, Вебстриан (www.webstrian.mk), xSoft има потреба од проширување на тимот.

Во таа насока потребен е нов кадар, за вработување по завршената обука, кој ќе работи на задачи поврзани со нашата Вебстриан платформа.

Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.

Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.

Потребни квалификации:

  • Основни познавања од областа на .NET технологииите за веб програмирање: C#, ASP.NET, HTML5, Java Script, CSS3,jQuery;
  • Основни познавања од областа на бази на податоци: Transact SQL, MS SQL Server 2008/2012;
  • Англиски јазик

 Опис на работно место:

  • Организирана работа во тим;
  • Front-end девелопмент (HTML5, CSS3, Java Script)
  • Развој и поставување на веб-сајтови на Вебстриан платформата
  • Комуникација со клиенти;

Сите заинтересирани можат да ги достават своите CV-ија на  xsoft@xsoft.mk.

  • xSoft Development
  • http://www.xsoft.mk
  • 16та Македонска Бригада 13Б, Скопје

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови