“Адвокатските канцеларии се прилично слабо опслужени од ИТ гледна точка“

Интервју со Илијанчо Гаговски, ко-основач на PrymApps

 

Најпрво доколку може да ни се претставите. Кои се PrymApps?

PrymApps е компанија основана во Октомври 2013 година, со идеја да се позиционира во поширокиот регион на Југоисточна европа како квалитетен производител на case management решенија. Основачи се три искусни ИТ професионалци со искуство од 13-20 години во ИТ индустријата (Microsoft, IBM), како и во финансискиот сектор (НБРМ, Хакбанка) и во ревизорската индустрија (Deloitte). 

Кои се функционалности ги нуди PrymАpps?

Првиот производ кој веќе почнавме да го нудиме на пазарот е Aspectal, case mamnagement решение за адвокатски канцеларии и корпоративни правни служби. Производот овозможува креирање, менаџирање и контрола на сите активности поврзани со водење на случаите, креира потсетници за следни активности, создава база на знаење за изминати предмети и за интеракции со сите учесници во нив и секако генерира фактури според обемот и видот на услугата.

Зошто сметате дека овие функционалности им се потребни на адвокатските бироа/правните служби?

Сметавме дека оваа индустрија подолго време е прилично слабо опслужена од ИТ гледна точка. Првичните позитивни реакции од корисниците ни потврдија дека оваа проценка била точна.

Колку се сигурни податоците во PrymАpps?

Податоците од Аспектал се сместуваат во база која се базира на Microsoft SQL платформата, еден проверен и докажано доверлив производ во глобални рамки. Податоците се чуваат локално кај корисникот, а во самиот производ е вграден сигурносен концепт кој оневозможува по грешка да се избрише целата база или целосен ентитет во системот. 

Дали имате конкуренција и доколку имате што ве прави поразлични од нив?

Секако, постои глобална, а и локална конкуренција. Нашиот производ е правен според спецификации од искусни адвокати и големи адвокатски куќи и заради тоа сметаме дека ќе им биде близок и лесен за користење на нашите клиенти. Исто така, Аспектал од самиот почеток е замислен како производ, а не како case-by-case решение, па така меѓу другото има обезбедено и дистрибутивен канал кој веќе е во допир со голем број потенцијални клиенти, што ќе придонесе за негова полесна достапност.

Сметате ли дека има пазар во Македонија за оваа дејност?

Секако, инаку немаше да почнеме J. Но, нашите амбиции се Aspectal да го промовираме во барем уште 6 земји во регионот во наредните 2 години, преку внимателно креирани партнерства со локални играчи на тие пазари.

На кој начин може да се пристапи до вашите услуги? Дали постои демо верзија која може да се тестира пред купување на производот?

На нашиот сајт www.prymapps.com ги има сите податоци за производот и тимот кој стои зад него, како и инструкции како да се побара демо верзија. Производот го нудиме со 90 дена try-before-you-buy бесплатна лиценца.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови