BTS Art Factory е креативно студио за графички и веб дизајн, брендинг и copywriting, видео, аудио и фотографија. Создаваат креативни решенија за бизнис клиенти, односно мали и големи компании.
1. Дали може да ни кажете нешто повеќе за вас? Кои сте BTS Art Factory?
Фирмата е отворена во мај, 2013 година од она што некогаш беше фриленсерскиот тим на Филип Тасевски - Fitz, Plasticart Creative Studio во партнерство со BT Signaal (International) и Demuth Business Partner (Austria).
BTS Art Factory е фокусирана на позиционирање во ред со квалитетните интернационални креативни агенции.
Во моментов, тимот го сочинуваат:
- - Filip Tasevski – Fitz (Art Director & Lead Visual Artist – Graphic, Web & Video)
- - Borjan Sandrevski (Creative Strategy Director, Project Management, Photography, Video)
- - Nenad Makelarski (Managing Director)
- - Christoph Demuth (International Business Development)
- - Daut Elmazi (International Business Development)
- - Petar Petkovski (Graphic & Web Design, Photography)
- - Maja Tasheva (Marketing & Sales)
- - Patrick Cachia Marsh (Content Editor)
2. Како би ја опишале вашата работа со 3 збора?
Нашиот слоган е едноставно: We create meaning.
3. Во што уживате најмногу при изработка на еден проект?
Веројатно самиот процес на создавање на нешто ново и воочувањето дека "тоа е тоа" претставува "еурека!" во оваа работа. По бесконечниот број на можности и варијации на одредена тема, преку стигнувањето до идејата - реализирањето на истата е токму оној најисполнет момент од процесот.
4. Што правите за да ги одржувате вашите идеи свежи? Каде најчесно пронаоѓате инспирација и дали вашата околина влијае на вашиот дизајн?
Инспирацијата е насекаде околу нас, но не секој може да ја забележи и искористи. Јас лично, како дизајнер, музичар и социолог можам да најдам инспирација во секој сегмент на општеството. Таа доаѓа и од овој - реалниов, и од дигиталниот свет.
5. Како фирма која се занимава со дизајн, може ли да издвоите 5 веб страници кои ви оставиле посебен впечаток во смисла на добар дизајн и зошто?
Иако е навистина тежок избор, во моментов сепак би ја издвоил blacknegative.com како една од најпосебните страници во последно време на планетата, а останатите 4 нека бидат линкови за инспирација со што би им препорачал на читателите да одлучат сами што е подобро од останатото:
За објаснување, сметам дека не се работи за дизајн толку колку што се работи за тоа да го посакуваш и создаваш недостижното и непоимливото. Се разбира и ние, како и многу други, сакаме да одиме натака.
6. Имате работено на голем број проекти. Има ли некој со кој посебно се гордеете?
Искрено, најмногу се гордееме на проекти каде рацете ни се комплетно одврзани. Посебно се гордееме со проекти каде не се работи под висок временски притисок (иако се навистина ретки) и најважно од се' - проекти каде што креативноста е ставена на прво место.
7. Дали Македонија има потреба од дизајнери? Дали се добро платени, дали има заработка?
Дизајнерите, програмерите и општо работниците од дигиталната ера се навистина добро платени споредувајќи ги со одредени и секојдневни day-job работници. Македонија колку што знам статистички има дефицит најмногу на програмери и ветеринари. Графичките и веб дизајнерите верувам се блиску до нив, бидејќи сепак најголем дел се прилично млади, а и самата работа (посебно веб дизајн и развој) е релативно се' уште нова гранка во општеството. Во секој случај, светот е доволно голем, а дизајнерите и програмерите не ги ограничуваат границите.
8. Кој е вашиот пристап на создавање на задоволни клиенти?
Отсекогаш сме се труделе да имаме фер однос кон клиентите и да ги "испраќаме" задоволни. Професионалноста во однос на запазувањето на рокови, почитувањето на нивните барања секогаш била присутна во BTS Art Factory, но и претходно, во Plasticart. Тука е и се разбира квалитетот кој го добиваат кога рацете ни се по-одврзани.
9. Каков совет би им дале на младите луѓе кои размилсуваат за графички дизајнер како професија?
Според мене, дигиталниот свет е сегашноста и иднината, па веројатно советот би бил дека кон што и да се насочат во врска со истиот, нема да погрешат. Конкретно, графички дизајнер е прекрасна професија за креативни умови, но секако од голема важност е и талентот за естетика.