Датум: 15-16 ноември 2018   Локација: Златибор, Србија

Агенцијата за развој на Србија, Агенцијата за развој на мали и средни претпријатија на Република Српска и српската Комора за трговија и индустрија ве покануваат на интернационалните В2В средби за мали и средни претпријатија и кластери кои ќе бидат одржани во склоп на 4th International Cooperation Forum на 16 ноември во Grand Hotel Tornik, Златибор.

Покрај В2В средбите, темата на овогодинешниот форум е пристапот на малите и средни претпријатија до финансиска поддршка преку различни државни и интернационални програми за кофинансирање и размена на најдобрите практики и искуства од ова поле помеѓу институциите во ЕУ и Западно Балканскиот регион. Исто така ќе бидат одржани повеќе панел дискусии на тема развој на претприемништво, промоција на прекугранична и регионална соработка и пристап до финансиски фондови за мали и средни претпријатија.

В2В средбите имаат за цел да ги поврзат малите и средни претпријатија, кластери и институции кои се дел од Enterprise Europe Network или повеќе од 200 компании од Турција, Унгарија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Србија.

Сите заинтересирани компании се поканети да се регистрираат за учество на 4th International Cooperation Forum и B2B Matchmaking Meetings најдоцна до 12 ноември 2018 на следниот линк:  http://zlatibor2018.talkb2b.net/en   
Учеството е бесплатно.

B2B Matchmaking Meetings се отворени за сите компании од следниве областите:
 
  • Индустрија за храна
  • Метална и индустрија за работа со метал
  • Дрво и мебел
  • Градежништво
  • Текстилна индустрија
  • Моторна индустрија
  • Информационо-комуникациска технологија
  • Индустрија за пластика и пластични производи
  • Туризам



Контакт лице:

Александар Филипоски
Email: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Phone: +389 (0) 2 3108891