RDTR20180809001
 
Универзитет од Турција бара партнери- стипендисти за истражувачка соработка во областите на агрокултура, фармација, медицински и компјутерски науки за истражувачи кои имаат технички вештини за равој на нови научни методи и иновативни прототипи на производи во наведените облаасти.

Целта на соработката е да се аплицира на HORIZON 2020 MSCA програмата за ко-финансирање наречена „CoCirculation2“ со проект кој ќе биде реализиран од страна на Science Fellowships and Grant Programmes Department (BIDEB) во рамките на Turkish Scientific and Technological Research Council (TÜBİTAK).

Соодветните кандидати за истражувачката соработка и стипендија треба да ги исполнуваат следните услови:
 
  • Да бидат искусни истражувачи со доволна академска подготвеност во соодветната област (PhD или 4 години релевантно искуство во академска, истражувачка организација или индустрија) – без разлика на националност и возраст
  • Да ги исполнуваат условите на стандардното правило за мобилност/флексибилното правило за мобилност на истражувачки персонал
        https://cocirc2.org.tr/eligibilityrequirements/
 
Истражувачките партнери ќе бидат одговорни за подготовка на апликациите за грантовите. Покрај тоа, во рамките на програмата за стипендија се очекува учество во генералниот менаџмент на лабараториите, тренинг на студентите во проектот и подготовка на научни трудови и извештаи.
 
Контакт лице:

Александар Филипоски
aleksandar.filiposki@yes.org.mk
тел: +389(0)23108891