BOHU20190709001

Унгарска компанија производител на 100% безглутенски производи  нуди безглутенско брашно од овес и два типа на безглутенски овесни снегулки. Дневниот капацитет на компанијата е 240 тони, а производите се достапни во пакувања од 500 грама и 25 кг. Компанијата го контролира севкупниот процес, од одгледување до преработка, транспорт во специјализирани возила и користење сопствена лабораторија, со цел запазување на потребниот квалитет и стандарди. Компанијата бара производители на житарици, мусли барови и гранола, или пекари, како и дистрибутери од областа.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
Email: emilija.andonova@mir.org.mk
Phone: +389 (0) 2 3108891