BOHU20180608001

Унгарска  компанија со повеќе од 40 годишно искуство нуди широк спектар на замрзнати производи (торти и тортелини/равиоли). Производите се рачно изработени, базирани на природни состојки, без додадени конзерванси и се достапни во различни пакувања од 500 до 1350 грама. Вкусовите на тортите се разновидни: торти со какао, чизкејк,овошни торти, торти за дијабетичари  како и традиционални унгарски слатки. Тортелините/равиолите се направени со различни видови на сирење, спанаќ, компир или џем од сливи. Извозниот капацитет на компанијата достигнува до 400 000 торти годишно, а рокот на траење на производите е 12 месеци.
Компанијата бара дистрибутери или застапници  на замрзнати производи кои би понудиле комплетна услуга, од увоз до финална продажба на нивните клиенти од малопродажба/ХОРЕКА. Компанијата е отворена и за директна соработка со малопродажни синџири кои се заинтересирани за сопствено етикетирање на замрзнатите производи во рамки на договор за изработка.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
Email: emilija.andonova@mir.org.mk
Phone: +389 (0) 2 3108891