BOUA20190329001
Компанија од Украина нуди високо квалитетна керамичка паста наменета за апликација во индустријата за керамика, како главен елемент за производство на декоративна керамика, подлога, цигли и подни плочки, електрични и апарати за домакинство, сувенири, производи за паркови и градини и сл.

Производството на пастата се изведува под контрола на Систем за менаџмент на квалитетот кој е во согласност со стандардот ISO 9001:2015 и е сертифициран  од  BV Certification. Компанијата има пристап ориентиран кон клиентите и нуди можност за изработка на керамичка паста според желбите на клиентот. Воедно, достапни се и еколошки производи од природни минерали, тестирани со еколошки и радиолошки индикатори и апликација на најмодерна технологија и методи на производство.     

Се бараат соработници- произведувачи на производи од керамика кои се заинтересирани за склучување на договор за производство со компанијата за набавка на суровина- керамичка паста.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891