BRUA20191218001

 
Украинска компанија  од Киев е посветена на дистрибуција на секаков вид медицинска опрема. Со цел да го прошират својот бизнис, тие бараат европски партнери кои би можеле да бидат компании кои произведуваат медицинска опрема. Компанијата е многу флексибилна и има искуство во оваа област. Украинската компанија може да дејствува како дистрибутер во Украина според договорот за дистрибутивни услуги.
 
Компанијата дистрибуира производи за симулациска обука по медицина од компании од ЕУ и САД на домашниот пазар во повеќе од 20 болници.
Спроведува сеопфатно опремување на медицински установи, оддели и канцеларии:
  • хируршки, уролошки, гинеколошки одделенија;
  • ИВФ (ин витро оплодување) лаборатории и центри за репродукција;
  • брза помош и спасувачки служби;
  • центри за медицинска симулација.
 
Компанијата се разликува од другите дистрибутери по своите многу флексибилни услуги по продажбата (технички, консултантски) што може да вклучува дури и физичко присуство во операционата сала.
Основната цел на оваа компанија е да го развиваат и прошират бизнисот и затоа би сакале да контактираат директно со производители на медицинска опрема од ЕУ и САД за симулациска обука за медицина, инструменти и/или замавки, со цел да се постигне договор за дистрибутивни услуги за дистрибуција на нивните производи во Украина. Тие не се заинтересирани за посреднички компании.
 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891