Турска компанија нуди софтвер за менаџирање со отпад кој е корисен за намалување на оперативните трошоци и зголемување на ефикасноста кој што овозможува управување со залихите за рециклирање.
Решението користи транспортен протокол во реално време кој овозможува преглед на залихите во контејнерите преку GPS и пресметува оптимална траекторија за полнење на капацитетот на возилата. Искористеноста на залихите на отпад се пресметува од страна на системот врз основа на периодичните податоци кои се внесени од страна на корисниците. Граѓаните исто така можат да објавуваат коментар или сугестии на веб сајтот на софтверот. Се проценува дека користењето на софтверот овозможува намалување на оперативните трошоци за 50%. Во пилот регион, употребата на софтверот допринесе за опслужување повеќе контејнери за 300% без зголемување на бројот на возила за товарање на отпадот.
Софтверот доаѓа со интегриран GPS уред инсталиран во возилата за товарање на отпад и врз основа на локацијата корисникот може да внесе податоци само за блиски контејнери, минимизирајќи ја злоупотребата на базата на податоци.
Компанијата има потреба да го продаде софтверот на странски пазари и бара партнери кои ќе овозможат промоција и посредување за потпишување комерцијални договори и/или договор за лиценца.

Контакт лице – Александар Филипоски (aleksandar.filiposki@yes.org.mk)
(Реф. Број TOTR20151109001)