RDTR20190311001
Турска компанија од средна големина која работи на алатка за развој на софтвер за крајни корисници при што крајните корисници ќе немаат потреба од кодирање, формира конзорциум за аплицирање на повикот од  H2020- FTI програмата во мај 2019. За таа цел, се бараат партнери кои би сакале да ја имплементираат алатката во своите бизнис процеси за време на проектната фаза за тестирање и верифицирање.

Бараниот партнер не треба да биде софтверка компанија со оглед на фактот дека целта на алатката е луѓето кои не се програмери да можат да генерираат свој софтвер за подготовка на функции и активности како и да го модифицираат истиот според своите потреби, брзо и лесно. Производствени компании со повеќе од 100 вработени, од било кој сектор, кои имаат потреба од софтверски алатки се добредојдени да аплицираат.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891