На 19-ти септември 2018 година ќе се одржи шестото издание на Startups @ Reeperbahn Pitch во хамбуршкиот музички клуб Груенспан. Пет стартапи од цела Европа ќе се претстават пред жирито и победничкиот тим ќе освои награда WELT - во висина од 150.000 евра - и посета на фестивалот SXSW во Остин, Тексас.  Крајниот рок за аплицирање е 10-ти август.
Повеќе од 450 инвеститори, носители на одлуки од големите компании, искусни стартап компании, новинари и многу други од дигиталната и медиумската индустрија ќе бидат присутни на  настанот. 
Ова се условите за учество за Startups @ Reeperbahn Pitch:
 
  • Може да учествуваат стартапи од цела Европа, од сите индустрии и сите фази на компанијата.
  • Сите документи за апликација мора да бидат на англиски јазик.
  • Потребен е краток опис на компанијата, која не смее да содржи повеќе од 500 букви.
  • Потребна е и презентација со максимум 15 слајдови.
 
Фазата на аплицирање завршува на 10 август на полноќ  а на 23-ти август ќе бидат познати петте финалисти. Трошоците за патување на финалистите ќе бидат покриени по едно лице за секој од финалистите.
 
Пред главниот натпревар, на стартапите ќе им се даде можност да се претстават на инвеститори во различни категории.
За повеќе информации: http://en.hamburg-startups.net/startupsreeperbahn-version-6-0/