RDUK20181218001
Старт ап компанија лоцирана во Лондон развива социјална платформа која ќе им овозможи на професионалци од одредена област да се поврзат и да споделат информации. Целта е преку користење на вештачка интелигенција и машинско учење за централизација и оптимизација на системите да се намали недостатокот од персонал во здравствениот систем.

За таа цел се бараат софтверски програмери со UI/UX (User Interface/ User Experience Design) експертиза, професионалци од областа на вештачката интелигенција и машинско учење, академски институции и технолошки ентузијасти со релевантно искуство и експертиза за развој на професионална социјална платформа и комуникациски центар за управување со платформата. Воедно, соработката вклучува и подготовка на проектна апликација за добивање средства за финансиска поддршка за креирање и тестирање на системот преку Хоризонт 2020 програмата МСП Инструмент, фаза 2 со рок на достава 5 јуни 2019.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891