Не пропуштајте шанса да разговарате директно со идниот деловен партнер!
 
За кого е наменет настанот за вмрежување:
Б2Б состаноците се наменети за претприемачи и организации. Компаниите што создаваат синџир на снабдување, т.е. производители, услужни компании, консултанти, компании во полето на градежништво, компании за продажба на опрема и материјали.
 
Општи принципи и постапка за регистрација:
B2B состаноците се 20-минутни, претходно договорени сесии кои ќе им овозможат на учесниците да воспостават комуникација, да најдат центри за заеднички истражувачки проект или да направат трансфер на технологија со нови деловни партнери. Регистрирајте се, претставете се себеси и понудата на вашата компанија и изберете ги учесниците со кои сакате да закажете состанок за време на настанот.
 
Зошто да учествувате
  • Претходно договорени средби со избрани потенцијални партнери
  • Можност за иницирање меѓународна соработка
  • Размена на искуства со компании од Полска и други европски земји
  • Состаноци и размена на мислења со стручни лица од индустријата
  • Воспоставување на технолошка и деловна соработка
  • Поддршка за проширување на меѓународна компанија
  • Пристап до знаење за нови технологии и решенија
 
Како може да се учествува?
Заради состојбата со КОВИД-19, состаноците ќе се одржуваат виртуелно.
Датум: 22-23 септември од 10:00 до 16:00 часот.
 
Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат на овој настан се поканети да се регистрираат на платформата на овој линк https://s-e-c2-b2b-meetings.b2match.io/
Настанот ќе биде организиран преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции за кои не ви е потребен дополнителен софтвер, туку само ажуриран веб прелистувач, микрофон и веб-камера.
Учеството на настанот не се наплаќа.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891