Хрватска компанија има развиено клауд решение за управување на фарми. Решението се фокусира на помагање на фармерите преку оптимизација на производниот процес, а врз основа на иновативен пристап воден од податоци. Како резултат, се зголемува продуктивноста на фармите, се зголемува приносот по хектар, се намалуваат трошоците и се зголемува севкупната конкурентност. Компанијата бара крајни корисници заинтересирани за договор за техничка соработка или други компании за заедничко вложување и технолошка соработка. 

Главни предности:
  • Унапредена база на знаење со најдобри пракси за добивање на над 80 култури вклучувајќи и база на можни заболувања
  • Интелигентна матрица за рано препознавање на можните заболувања или појава на штетници
  • Мулти-јазичен пристап, 12 јазици преку кои овој софтвер им е достапен на фармерите од над 130 земји
 
Контакт лице – Петре Филипоски (contact@mir.org.mk