TRES20180302001
 
Шпански технолошки центар е специјализиран во нудење на глобални решенија на компании од областа на индустријата, енергија и животна средина, конструкција и инфраструктура, агро-храна, здравје и квалитет на живот.

Енергетскиот оддел на технолошкиот центар бара Европски центар или универзитет со експертиза за енергија кој е отворен за размена на знаење во областа. Соработката ќе вклучува интернационална мобилност на персонал на краток период (6 месеци), пожелно со оделот за развој и планирање или урбано планирање и менаџмент со можност за соработка на идни повици од програмата Хоризон 2020.

Колаборацијата ќе биде дефинирана во рамките на истражувачко-технички договор и реализирана преку блиска комуникација помеѓу партнерите со интензивен пренос на знаење. Предвидена е соработка на подолг рок со што развиените технологии, производи и услуги ќе бидат аплицирани во повеќе области од корист за малите и средни претпријатија во конкретен регион во Шпанија.
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891