BOES20210304002

 
Шпанска семејна занаетчиска компанија за текстил основана во 1854 година во Поленса (Мајорка) и посветена на производство на типични ткаенини од Мајорка, произведува производи изработени од единствена ткаенина како што се чаршави, перници, покривки, чевли, додатоци и облека и поседува долгогодишно искуство во дистрибуција, увоз/извоз бара партнери со договор за застапување и договор за дистрибутивни услуги.

Шпанската компанија придонела во измислување на техниката на текстилот „икат“. Овие ткаенини потекнуваат од античкиот исток, од каде што дошле на Мајорка по свилената патека. Стариот мајоркански икат е многу разноврсна и силна ткаенина што ја претставува истата шема на обете страни. Една од главните карактеристики на ткаенините е нејзината отпорност бидејќи е направена само со природни влакна: 70% памук и 30% лен. Компанијата бара агенти и дистрибутери со цел да ја прошири својата мрежа.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891