Дигитална трансформација претставува процес на зголемена употреба на дигитални алатки и технологии од страна на една организација (компанија) со цел да се изврши коренита промена на внатрешните и надворешните процеси и функции на истата

Како и до сега, на сцена ќе се појават врвни говорници од Европа и светот, за да ги споделат своите искуства и научени лекции на темата. Покрај тоа, ќе се зборува и за иднината на (социјалните) медиуми и за други актуелни теми од светот на маркетингот и онлајн комуникацијата. 
На конференцијата се очекува учество на околу 300 претставници на високите одлучувачки структури во различни компании, маркетинг и професионалци за односи со јавноста, претприемачи.
 
Говорниците на сцената се:
  • Мет Десмајер- директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle,
  • Драган Варагиќ- консултант за дигитална трансформација и автор на книгата Дигитален Пре-маркетинг,
  • Владимир Тошиќ- менаџер за дигитални комуникации во The Coca-Cola Company за југоисточна Европа и др.
 
Влезниците се достапни преку официјалната веб страница на конференцијата: allweb.mk.
Сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно се дополнуваат на allweb.mk.