BRUK20180302001
Компанија од Велика Британија која развива нови и високо- заштитни комбинации на материјали наменети за торби и кутии за акциони спортови, хоби или потребите на службите за безбедност бара текстилни производители кои ќе се лиценцираат за користење на технологија за производство на наведените производи.

Комбинацијата на најсовремени материјали и уникатниот дизајн обезбедува подобрена заштита која многу го намалува ризикот од штета на high-end опремата во ситуации како патувања или кај службите за итна помош. Во моментов, комбинацијата на материјали и техники за изработка на торбите и кутиите е во процес на добивање патент а дизајнот е тестиран и има добиено позитивни оцени од раните потрошувачи.

Компанијата бара текстилни произведувачи кои имаат можност и обем за шиење на торби со димензии: 0.3 м должина и 0.2 м ширина па до 3.5 м должина и 0.7 м ширина. Соодветни машини за шиење со можност за изработка на производот со посакуваните димензии ќе се сметаат за предност. Очекуваната количина на произведени торби на годишно ниво е 3000 и повеќе. Соработката помеѓу компанијата од Велика Британија и текстилните произведувачи ќе биде регулирана преку лиценциран договор за соработка.

Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Тел: +389 (0) 2 3108891