BOIL20181002001
 
Израелска hi – tech компанија специјализирана во областа на малите електронски уреди за убавина и козметика развива, произведува и продава напредни естетски решенија за професионални и квалитетни третмани за убавина во комфорот на домот на клиентот.  
 
Најновиот производ на компанијата е иновативен уред против стареење кој користи динамични RF бранови кои нежно навлегуваат во дермалните слоеви каде што се формираат колаген влакната. При загревање на колагенски влакна на точна и безбедна температура, се стимулира производството на колаген при што се подобрува еластичноста на кожата. Апаратот исто така вклучува посебни сензори за проверка на состојбата на кожата и соодветствено прилагодување на температурата со која се врши безбеден и персонализиран третман.
 
Во 2019 компанијата планира да развие и произведе wireless верзија на апаратот против стареење. За таа цел, се бараат партнери- претставници, агенти и дистрибутери кои ќе пронајдат локални клиенти за купување на производот- онлајн или во продавници. Партнерите исто така треба да имаат искуство или бидат вклучени во индустријата за мали електронски уреди и апарати за убавина користени во козметиката и да имаат познавање од локалниот пазар и клиентела.
 
Контакт лице:

Александар Филипоски
aleksandar.filiposki@yes.org.mk
тел: +389(0)23108891