TRNL20180410001

Холандската компанија активна во управувањето со вода и отпад  бара нови решенија за сепарација на пластика.

Компанијата работи на 5 континенти и сака да постигне ефикасно и одржливо управување со ресурсите низ целиот свет, овозможувајќи конвертирање на отпадот во суровини.

Индустријата за рециклирање користи голем број на технологии за сортирање на различните видови материјали што се јавуваат со  пластичниот отпад во домаќинството. Во нивните постоечки инсталации, компанијата користи инфра-црвени, балистички, магнети и вртложни струи за одвојување на големи количини отпад.
Компанијата се соочува со материјален проток на мешана пластика. За понатамошно подобрување на нивните достигнувања за рециклирање, компанијата бара партнери со нови решенија за сортирање на пластика.

Идејата треба да биде ефикасна, економична и исто така треба да биде стабилна и скалабилна.
Предизвикот за потенцијалните партнери е да се создаде многу економичен и скалабилен процес на сортирање кој може да сортира мешавина на пластика во одделени видови пластика.

Цели:
  • Подобрување на стапките на рециклирање;
  • Зголемување на одржливоста;
  • Оптимизирање на кружната економија.
 
Соработката главно се предвидува во рамките на комерцијален договор со техничка помош, договор за лиценца или договор за техничка соработка. Компанијата е отворена и за други видови на соработка,  доколку соодветни.
За повеќе информации контактирајте
Александар Филипоски 

Email: aleksandar.filiposki@yes.org.mk  
Phone: +389 (0) 2 3108891