Датум: 5-6 февруари 2019     Место: Лил, Франција
 
Hauts-de- France, еден од првите Европски региони имплементатори на Третата Индустриска Револуција наречена Rev3 се залага за одговорни, одржливи, подобро поврзани и колаборативни општество и економија.

Rev3days  е првиот интернационален настан кој нуди можности за пораст на бизнисот, откривање нови технологии, пронаоѓање нови инвестиции и развој на партнерства во 4 примарни области: Обновлива енергија, Економски модели, Одржливи територии и градови и Индустрија на иднината.

Со повеќе од 750 учесници од 10 различни земји, претходниот настан успешно реализира повеќе од 500 состаноци, 31 конференција и работилници.

Сите мали и средни претпријатија, мултинационални компании, институционални и приватни купувачи, истражувачки центри, лабаратории и инвеститори се поканети да учествуваат на настанот. 

Повеќе информации и регистрација на следниот линк: https://rev3days.fr/

Краен рок за регистрација: 29 јануари 2019
 
Контакт лице:
Александар Филипоски
емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
тел: +389 (0) 2 3108891