Датум: 29 јануари 2019   Место: Рен, Франција
 
Inbound Маркетинг Франција е првиот интернационален настан за inbound -маркетинг кој ќе се одржи на 29 јануари 2019 во Рен, Франција. Во рамките на настанот ќе бидат одржани размени и конференции на тема Inbound- маркетинг со цел проширување на новиот пристап меѓу маркетинг директорите, продавачите и бизнис лидерите.

Повеќе од 45 говорници ќе бидат домаќини на 35 конференции со различни тематики:
 
  • Дигитален
  • Вештачка интелегенција
  • Chat & Bots
  • Маркетинг автоматизација
  • Лојалност
  • Социјални медиуми и социјална продажба
  • Информации
  • Содржина

Оваа година, посетителите ќе имаат можност да остварат В2Б средби со говорниците како и партнери по свој избор. Ќе бидат одржани 5 сесии од В2Б средби односно 11 возможни средби по компанија. Овие 20-минутни лице во лице средби се одлична можност за остварување контакти со професионалци и потенцијални соработници од целиот свет.

Маркетинг директори, менаџери на продажба и CEOs од дигиталниот и маркетинг секторот се поканети да се регистрираат на овој настан, најдоцна до 28 јануари 2019.

Повеќе информации:  inboundmarketingfrance.fr

Контакт лице:
Александар Филипоски
Емаил: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Тел: +389 (0) 2 3108891