Меѓународна соработка

Француска компанија има потреба од технологија за пречистување на отпадни води во домаќинства

 Компанијата бара партнери кои имаат развиено решенија базирани на  бараната технологија со што се нуди договор за негова дистрибуција.      Компанијата во чија сопственост е решението треба да обезбеди              техничка поддршка за инсталација и користење.
                                                                                                             ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ                                                                                                                    

Романска компанија има потреба од технологија за обработка на коноп

Романска компанија која работи во областа на земјоделството има намера да инвестира во фабрика за обработка на коноп. Компанијата е во потрага по соработници (истражувачки институти, универзитети или компании) кои се во можност да ја обезбедат потребната технологија за обработка на коноп и извлекување на влакната без загадување на водата.
                                                                                                                           ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ
 Белгијска компанија има потреба од сензори за мерење квалитет на  воздух
 
Компанијата е во потрага по индустриски партнери со сензори кои овозможуваат мерење на квалитетот на воздухот и даваат приказ на учеството на алергени, ПМ 2.5, испарливи органски соединенија и др. во приватни домови, згради и канцеларии. Сензорите треба прецизно и во реално време да ги мерат клучните компоненти на воздухот во затворени простории согласно насоките на Светската здравствена организација.
Деловни средби во рамки на меѓународниот саем за машини и индустриска опрема MachTech & InnoTech 2017
Идеална можност за иницирање на потенцијална соработка преку директни,  билатерални средби организирани со поддршка на Enterprise Europe Network во соработка со  Inter Expo Centre, Софија - Бугарија.
Словачка компанија, производител на сладок чипс од компир бара дистрибутери и застапници
Компанија од Словачка, активна во прехрамбената индустрија, бара интернационални дистрибутери, агенти и трговски фирми за продажба на нивниот производ - сладок чипс од компир. Чипсот се прави од тенки парчиња компир печени во сончогледово масло, а кои подоцна се зачинуваат според внимателно развиен рецепт на компанијата.  
Компанија од Словачка, производител на екслузивни џемови и сосови со алкохол, заинтересирана е за соработка со дистрибутери
Потребна е дистрибуција на екслузивни џемови и сосови со алкохол, во ексклузивни продавници, во продавници за алкохол, до кетеринг компании, хотели и ресторани. Атрактивниот дизајн на производите ги прави погодни за подароци за лојални партнери, клиенти и вработени. Производите содржат алкохол со врвен квалитет од различен вид, вклучувајќи шампањ, виски, ликери, бренди, водка или рум.
Софтвер за управување на фарми базиран на знаење
Хрватска компанија има развиено клауд решение за управување на фарми. Решението се фокусира на помагање на фармерите преку оптимизација на производниот процес, а врз основа на иновативен пристап воден од податоци.Компанијата бара крајни корисници заинтересирани за договор за техничка соработка или други компании за заедничко вложување и технолошка соработка
Компанија од Хрватска бара дистрибутери за својот иновативен производ за wellness и спа 
Компанија од Хрватска основана во 2013 година и насочена кон развој на нови технологии применливи во секојдневниот живот бара дистрибутери за еден од своите производи – иновативна климатска кабина што може да се применува во здравствениот и wellness секторот. 
Британска компанија бара сензор технологија за следење на канализациски води

Компанија од Велика Британија има потреба од сензор технологија која овозможува следење на нивото на водата и квалитетот на канализациската вода во реално време за да се овозможи подобро управување со отпадните води. Потребната технологија би требало да ги замени камера системот и системот за тестирање на канализациските води.