BOPT20211117003

Португалски водечки производител на иновативни, одржливи, паметни ткаенини за брендови за мода, спортска и долна облека е заинтересиран да го прошири својот пазар преку склучување долгорочни производствени договори со компании кои бараат договор за производтсво.
Од 1998 година, оваа португалска компанија работи на тоа сите ткаенини да имаат приказна за одржливост во нивните колекции. Компанијата секогаш поставува нови цели, открива нови одржливи, паметни ткаенини преку нови производствени технологии, поттикнувајќи ја креативноста во нивните процеси.

Во агендата на компанијата доминираат циркуларноста, одржливоста и постојаните иновации. Тие ги заменуваат синтетичките ткаенини со природни, подеднакво функционални, развивајќи одговорни ткаенини со иновативни природни, регенеративни или рециклирани влакна, ги произведуваат локално и ги снабдуваат со брендови.
Оваа МСП прави паметни модни ткаенини дизајнирани по нарачка преку свои уникатни техники за обработка и доработка.
Компанијата нуди ткаенини во цела палета на природни материјали, вклучувајќи памук, лен и модерна регенерирана целулоза, како што се lyocell и modal, направени од управувани извори на дрвна маса во систем со затворена јамка со минимален отпад.

  
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk 
Телефон: +389 (0) 2 3108891