BOPL20200626002

Полска компанија на луксузен моден бренд за жени и деца бара дистрибутери да го прошири својот бизнис на меѓународниот пазар. Колекциите се оригинално дизајнирани од органски материјали. Брендот создава луксузна, добро дизајнирана облека изработена со висококвалитетни, главно природни ткаенини. Облеката се украсува рачно, користејќи уникатни, оригинални техники како и рачно насликани детали и уметничко везење. Компанијата користи најмногу материјали како памук, свила, вискоза, вистинска кожа, волна.
 
Полската компанија бара трговци на големо и мало од текстилниот сектор на меѓународниот пазар. Бидејќи компанијата ја зголеми продажбата, тие сакаат да ја прошират својата меѓународна мрежа и бараат дистрибутери на новите пазари. Компанијата е флексибилна во својата политика за соработка и исто така е подготвена да соработува според договорот за услуга за дистрибуција со потенцијални партнери, кои се заинтересирани да нарачаат оригинална облека за деца и мајки.
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891