BRPL20201030001

 
Оваа полска ИТ компанија создава сопствени програми, и веб и мобилни апликации, за банкарство, осигурување, здравствен сектор и за многу други индустрии, каде што се бара да се подобри работата на компаниите во областа на управување со човечки ресурси, финансии или односи со клиенти. Имајќи го предвид обемот на обезбедени услуги, завршени проекти и знаење за локалниот ИТ пазар, компанијата би сакала да претставува друга ИТ компанија на полскиот пазар според договор за застапување.
 
Полската компанија за развој на софтвер работи на полскиот пазар од 2016 година. Досега, повеќето нарачки што компанијата ги добила се однесувале на банкарската и осигурителната индустрија. Во оваа област, компанијата ги имплементирала следниве проекти: сервисирање на договори за кредит, апликација за склучување осигурување, управување со бази на бодови.
 
Исто така, компанијата беше вклучена во развој на мобилни апликации за управување со здравјето и ИТ програма за управување со вработените во нафтените платформи. Досега соработката се склучуваше со субјекти како што се: кооперативни банки, адвокатски друштва, истражувачки компании и претпријатија од различни сектори. Компанијата користи современи програмски алатки и јазици во својата работа (вклучувајќи сервери, компјутери, оперативни програми, графички алатки).
 
Компанијата е заинтересирана да воспостави соработка со други ИТ компании кои би сакале да влезат на полскиот пазар со своите услуги. Со такви партнери, компанијата би сакала да потпише договор за застапување.
Компанијата го упатува оваа барање особено до ИТ компании кои:
  • сакаат да реализираат проекти од областа на дигитализацијата
  • сакаат да развиваат или тестираат свои софтверски проекти (на пример, за здравствениот сектор),
  • бараат пристап до ресурси и објекти за истражување и развој.
 
 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891