BOPL20190506001



Полска компанија, специјализирана за производство на високо квалитетни промотивни кеси/торби (хартиени, памучни и полипропиленски), сака да извезува свои производи на странски пазари и бара комерцијални агенти или дистрибутери низ светот.
Компанијата е присутна на пазарот повеќе од 10 години поседувајќи огромно искуство што им помага да динамично растат на полскиот и на меѓународниот пазар. Во моментов компанијата има склучено договори за дистрибуција со компании од Франција, Шведска, Германија, Словачка, Финска и Норвешка. Компанијата има два производствени погони поврзани со печатарската куќа и исто така 3 магацини со 5 000 000 кеси. Главната цел на компанијата е одговорно управување, преку имплементација и примена на иновативни технологии кои го минимизираат ризикот од негативни ефекти врз животната средина и екологијата. Сите производи се сертифицирани. Компанијата поседува ИСО 9001 сертификат и нуди целосна услуга од дизајнирање до испорака.
Компанијата бара соодветни партнери во странски земји за да ги прошири своите пазари и да не зависи само од домашниот пазар. 


 

 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891