BRPL20210216001

Полска Е-продавница специјализирана за спортска облека бара интересни, нови, уникатни дуксери, пантолони и маици за да ги претстави на полскиот пазар. Соработката помеѓу полската компанија и странскиот партнер ќе се заснова на договор за дистрибутивни услуги.
Компанијата е главно заинтересирана за следната облека, за мажи и за жени:
  • бејзбол дуксери
  • дуксери со качулка
  • дуксери
  • дуксери со качулка со патент
  • маици
  • пантолони
Компанијата е заинтересирана за сезонска колекција во ограничени количини.
 
Најважните и најбараните карактеристики на производите воведени во Полска се единственоста и иновативниот дизајн, како и високиот квалитет и издржливоста на производот. Компанијата бара производи кои ќе им овозможат на клиентите да се издвојат од толпата. Облеката не треба да биде типична спортска облека, таа треба да биде прилагодена за секојдневна употреба. Покрај тоа, облеката треба да се карактеризира со едноставна форма, минималистичка естетика и безвременски изглед.
 
Компанијата е заинтересирана да им обезбеди на своите клиенти нови производи кои сè уште не се достапни на полскиот пазар, затоа компанијата е отворена за воспоставување соработка врз основа на договор за дистрибутивни услуги.
 
Компанијата е отворена да разговара за кој било производ директно со странски партнер кој ќе изрази интерес да го воведе на полскиот пазар (за ексклузивна дистрибуција може да се преговара).
 
 
Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk 
Телефон: +389 (0) 2 3108891