Полска компанија специјализирана за дизајн и производство на метални производи од типот на парни котли, биомаса, затоплувачи на воздух и термална инсталација бара партнерски компании или  истражувачкo-развојни институции од истата производна област кои можат да помогнат во креирањето на технологија за производство на електрична енергија и топлина со ниска моќност. Партнерот треба да има искуство во горе споменатите области и да биде во можност да обезбеди сушач кој би работел заедно со веќе постоечките сушачи на воздух за сушење на житни производи. Уредот треба да има моќност до 500 kW и максимални параметри на пареа до 2 МРа и 350 оС. Сите уреди треба да бидат систематски контролирани од дизајниран контролен систем преку кој ќе може да се обезбеди проверка на сите уреди и извори и нивната ефикасност.
 
Полската компанија има длабока механичка и инжинерска експертиза и доколку има потреба е спремна да соработува со партнерот за подесување и тестирање на решението како и за развој на иновативни технологии за подобрување на системот на производство.
 
Техничката кооперација помеѓу компанијата и партнерот ќе биде регулирана со техничко кооперативен договор.
 
Контакт лице:

Александар Филипоски
aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Phone: +389(0)23108891